Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Валтер и Радовиќ се едногласни во оценките
    Домашен микс

    Валтер и Радовиќ се едногласни во оценките

    dinoBy dino04/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, вели дека е задоволен од победата против Нексе и освоеното трето место во СЕХА лигата.

    „Мислевме на себе а не на противникот. Значајно ни беше да победиме и да играме добро. Денеска видовме дека имаме тим, посебно што игравме без Руди Сери. Позитивно беше да се види Суси, кој се врати од повреда и покажа дека ќе биде засилување. Ова е одлична реакција по поразот во петокот“  рече данскиот тренер.Капитенот Мирко Радовиќ, автор на пет гола, на прес-конференцијата го анализираше дуелот во Задар.

    „Нашиот впечаток од овој турнир е одличен. Многу ќе ни користи овој турнир за новата сезона. За мене најважно е што ја подигнавме главата по поразот од Веспрем. Ова беше машки, фајтерски дуел и им вративме на Нексе за поразот минатата сезона. Им го запамтивме тој пораз во Европската лига и им се реванширавме. Мојата екипа покажа како се игра како тим и се врати од негатива, за да дојде до заслужена победа. Оваа победа ни дава голема самодоверба пред предизвиците кои ни претстојат“, рече Радовиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.