Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, вели дека е задоволен од победата против Нексе и освоеното трето место во СЕХА лигата.
„Мислевме на себе а не на противникот. Значајно ни беше да победиме и да играме добро. Денеска видовме дека имаме тим, посебно што игравме без Руди Сери. Позитивно беше да се види Суси, кој се врати од повреда и покажа дека ќе биде засилување. Ова е одлична реакција по поразот во петокот“ рече данскиот тренер.Капитенот Мирко Радовиќ, автор на пет гола, на прес-конференцијата го анализираше дуелот во Задар.
„Нашиот впечаток од овој турнир е одличен. Многу ќе ни користи овој турнир за новата сезона. За мене најважно е што ја подигнавме главата по поразот од Веспрем. Ова беше машки, фајтерски дуел и им вративме на Нексе за поразот минатата сезона. Им го запамтивме тој пораз во Европската лига и им се реванширавме. Мојата екипа покажа како се игра како тим и се врати од негатива, за да дојде до заслужена победа. Оваа победа ни дава голема самодоверба пред предизвиците кои ни претстојат“, рече Радовиќ.