Екипата на Динамо Загреб вечерва ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а не можеше да има подобра и атрактивен противник на самиот старт пред домашната публика.
На стадионот „Максимир“ избраниците на тренерот Анте Чачиќ ќе се обидат да направат изненадување против еден од најдобрите тимови во Англија и Европа. За оваа средба е интересен фактот што нашиот репрезентативец Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб ќе биде фудбалер со најмногу меѓународни настапи, Адеми досега во кариерата има одиграно 98 натпревари во еврокуповите, а веднаш зад него е Тиаго Силва со 97 настапи. Екипата на Динамо Загреб во својата историја има одиграно 853 натпревари и имаат постигнато 95 гола, додека Челзи има 985 натпревари и постигнато 133 гола.
Во Динамо Загреб најефикасен е Мислав Оршиќ со 26 гола во еврокуповите, додека зад него се Бруно Петковиќ со 18 и Аријан Адеми со 13 гола. Во составот на Челзи најефикасен на европските терени е Обамејанг со 42 гола, но е неизвесен за настап во Загреб, ад него се Стирлинг со 24 и Зиеш со 14 постигнати гола.
Нашиот втор репрезентатовец во редовите на Динамо Загреб, Стефан Ристовски досега има одиграно 46 натпревари во еврокуповите и е еден од најискусните во редовите на својата екипа.