Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Динамо Загреб со Адеми и Ристовски го пречекуваат Челзи
    Фудбал

    Динамо Загреб со Адеми и Ристовски го пречекуваат Челзи

    risteBy riste06/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Динамо Загреб вечерва ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а не можеше да има подобра и атрактивен противник на самиот старт пред домашната публика.

    На стадионот „Максимир“ избраниците на тренерот Анте Чачиќ ќе се обидат да направат изненадување против еден од најдобрите тимови во Англија и Европа. За оваа средба е интересен фактот што нашиот репрезентативец Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб ќе биде фудбалер со најмногу меѓународни настапи, Адеми досега во кариерата има одиграно 98 натпревари во еврокуповите, а веднаш зад него е Тиаго Силва со 97 настапи. Екипата на Динамо Загреб во својата историја има одиграно 853 натпревари и имаат постигнато 95 гола, додека Челзи има 985 натпревари и постигнато 133 гола.

    Во Динамо Загреб најефикасен е  Мислав Оршиќ со 26 гола во еврокуповите, додека зад него се Бруно Петковиќ со 18 и Аријан Адеми со 13 гола. Во составот на Челзи најефикасен на европските терени е Обамејанг со 42 гола, но е неизвесен за настап во Загреб, ад него се Стирлинг со 24 и Зиеш со 14 постигнати гола.

    Нашиот втор репрезентатовец во редовите на Динамо Загреб, Стефан Ристовски досега има одиграно 46 натпревари во еврокуповите и е еден од најискусните во редовите на својата екипа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.