Еурофарм Пелистер успеа да го одбрани трофејот во Супер купот откако во драматичен меч во Охрид го победи Вардар со 23:22 (12:12).
Последниот удар на ракометарите на Вардар заврши во голманот Марко Кизиќ кој му донесе нов трофеј на својот тимот.
Натпреварот почна изедначено и така се играше во првиот дел кој заврши со нерешени 12:12, а во вториот дел Еурофарм Пелистер почна добро, но Вардар успеа да се направи пресврт и да има водство 22:20, кое екипата од Битола успеа да го анулира во финишот со серија од 3:0 и да дојде до предност од 22:23 на 22 секунди до крајот.
Тренерот на Вардар, Недановски го искористи последниот тајмаут , но последниот удар на Талески го одбрани Кизиќ, за радоста на битолчани.