Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»На Месут Озил ќе му биде извршена операција, нема да може да игра три месеци
    Фудбал

    На Месут Озил ќе му биде извршена операција, нема да може да игра три месеци

    risteBy riste29/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот од средниот ред на турскиот Истанбул Башакшехир, Месут Озил ќе пропушти околу три месеци поради операција, објавија од неговиот клуб.

    „За нас е големо задоволство што имаме играч како Озил на располагање. Сепак, Месут веќе подолго време има проблеми со грбот. Поради оваа причина, оваа сезона тој помина само 10-15 минути на теренот. Донесена е одлука да се изврши операција за решавање на проблемот. Месут нема да ни помогне околу три месеци по интервенцијата. И тогаш мислам дека ќе даде голем придонес за нашите победи. Озил е наша гордост“, изјави оретседателот на клубот Гумушдаг за весникот „Фанатик“.

    Всушност, Месут Озил оваа сезона одигра 21 минута. Тој дебитираше за Истанбул Башакшехир, влегувајќи како замена во натпреварот од турското првенство со Кајзериспор (10 минути), потоа учествуваше во квалификацискиот натпревар од Конференциската лига со Антверпен (3 минути) и во групната  фаза на овој турнир со Фиорентина (8 минути).

    Озил се пресели во Истанбул Башакшехир на 14 јули. Претходно беше играч на Фенербахче, во кој минатат сезона  одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет гола и две асистенции. Исто така во текот на својата кариера, играчот од средниот ред играше за германски Шалке 04, лондонски Арсенал, Реал Мадрид и други клубови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.