Играчот од средниот ред на турскиот Истанбул Башакшехир, Месут Озил ќе пропушти околу три месеци поради операција, објавија од неговиот клуб.
„За нас е големо задоволство што имаме играч како Озил на располагање. Сепак, Месут веќе подолго време има проблеми со грбот. Поради оваа причина, оваа сезона тој помина само 10-15 минути на теренот. Донесена е одлука да се изврши операција за решавање на проблемот. Месут нема да ни помогне околу три месеци по интервенцијата. И тогаш мислам дека ќе даде голем придонес за нашите победи. Озил е наша гордост“, изјави оретседателот на клубот Гумушдаг за весникот „Фанатик“.
Всушност, Месут Озил оваа сезона одигра 21 минута. Тој дебитираше за Истанбул Башакшехир, влегувајќи како замена во натпреварот од турското првенство со Кајзериспор (10 минути), потоа учествуваше во квалификацискиот натпревар од Конференциската лига со Антверпен (3 минути) и во групната фаза на овој турнир со Фиорентина (8 минути).
Озил се пресели во Истанбул Башакшехир на 14 јули. Претходно беше играч на Фенербахче, во кој минатат сезона одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет гола и две асистенции. Исто така во текот на својата кариера, играчот од средниот ред играше за германски Шалке 04, лондонски Арсенал, Реал Мадрид и други клубови.