По денешната ждрепка во ЕХФ, македонскиот ракометен вицепрвак Е. Пелистер ги доби противниците во групната фаза од Европската лига на ЕХФ.
Нашиот единствен претставник во ова натпреварување се најде во групата Д, заедно со Фуксе Берлин (Германија), Мотор Запорожје (Украина), Бидасоа (Шпанија), Скандерборг Архус (Данска) и Агуаш Санташ (Португалија).
Сезоната за битолчани започнува на 25 октомври со дуелот во Битола против тимот на Скандерборг Архус, а потоа ќе следуваат две тешки гостувања против Агуаш Санташ, односно Мотор Запорожје.
1 коло: Еурофарм Пелистер – Скандерборг Архус
2 коло: Агуаш Санташ – Еурофарм Пелистер
3 коло: Мотор Запорожје – Еурофарм Пелистер
4 коло: Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин
5 коло: Бидасоа Ирун – Еурофарм Пелистер
6 коло: Еурофарм Пелистер – Бидасоа Ирун
7 коло: Скандерборг Архус – Еурофарм Пелистер
8 коло: Еурофарм Пелистер – Агуаш Санташ
9 коло: Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
10 коло: Еурофарм Пелистер – Мотор Запорожје