Убедлив старт и убедлив триумф. Македонската ракометна репрезентација квалификациите за ЕП 2024 ги почна со убедлива победа на домашен терен против аутсајдерот Луксембург со 38:24. Во меч во кој доминиравме од првата до последната минута, селекторот Лазаров го искористи дуелот да провери и дел од квалитетите на останатите помлади ракометари кои треба да се наметнат во иднина во нашиот сениорски состав.
Сепак, мечот го предводеа извонредниот Митревски на голот со 8 интервенции, а одлично го наследи и Кизиќ со уште 6. На листата на стрелци Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски постигнаа по 5 гола, додека Ѓорѓиев имаше 4.