Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа се враќа од Ван, каде го одигравме и вториот квалификациски меч за ЕП 2024. Избраниците на Кире Лазаров славеа над Турција со убедливи 36-27 и направија крупен чекор кон пласман на Европското првенство.
Македонија доминираше од почеток до крај. Тргнавме фуриозно со предност од 9:0, а потоа веќе се беше полесно. Во вториот дел Македонија се опушти, а Турција во еден момент намали и на шест разлика, но тоа беше се што направија.
Филип Талески со седум голови и Дејан Манасков со пет беа најефикасни во нашиот тим.