Сосема очекува и заслужено, Карим Бензема ја доби престижната „Златна топка“ која ја прими на церемонија во Париз, а е организирана од „Франс Фудбал“.
Бензема постигна 44 гола на 46 натпревари во сите конкуренции, а беше главен играч во тимот на Карло Анчелоти кој успеа да ги обедини титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Посебно се истакна во Лигата на шампионите, каде даде хет-трикови во осминафиналето против ПСЖ и во четвртфиналето против Челзи, кои беа клучни на патот кон финалето.
Карим Бензема е вториот различен играч кој освојува Златна топка во ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Претходно, тоа му успеа на неговиот клупски колега Лука Модриќ. Наградата му ја додели неговиот сонародник и поранешен терен Зинедин Зидан.
Французинот до Златната топка дојде во конкуренција на Роберт Левандовски, Кевин де Бруин и Садио Мане. Бензема е првиот Французин кој дошол до ова признание по Зинедин Зидан во 1998 година, или вкупно петти играч од оваа земја во историјата. Интересно е тоа што за Карим Бензема ова беше десетти пат да конкурира во изборот за ова признание.