Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Карим Бензема е новиот сопственик на „Златната топка“
    Фудбал

    Карим Бензема е новиот сопственик на „Златната топка“

    risteBy riste17/10/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Сосема очекува и заслужено, Карим Бензема ја доби престижната „Златна топка“ која ја прими на церемонија во Париз, а е организирана од „Франс Фудбал“.

    Бензема постигна 44 гола на 46 натпревари во сите конкуренции, а беше главен играч во тимот на Карло Анчелоти кој успеа да ги обедини титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Посебно се истакна во Лигата на шампионите, каде даде хет-трикови во осминафиналето против ПСЖ и во четвртфиналето против Челзи, кои беа клучни на патот кон финалето.

    Карим Бензема е вториот различен играч кој освојува Златна топка во ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Претходно, тоа му успеа на неговиот клупски колега Лука Модриќ. Наградата му ја додели неговиот сонародник и поранешен терен Зинедин Зидан.

    Французинот до Златната топка дојде во конкуренција на Роберт Левандовски, Кевин де Бруин и Садио Мане. Бензема е првиот Французин кој дошол до ова признание по Зинедин Зидан во 1998 година, или вкупно петти играч од оваа земја во историјата. Интересно е тоа што за Карим Бензема ова беше десетти пат да конкурира во изборот за ова признание.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.