Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со настапи во регионалната АБА лига. Актуелниот македонски шампион вечерва 918 часот) е гостин на Цедевита Олимпија, противник кој има победа повеќе во однос на нашиот состав. „Штрковите“ имаат победа и три порази, додека Олимпија има две победи, пораз и меч помалку, па има ист број на бодови колку и МЗТ Скопје. Главна цел во Љубљана ќе биде да се потврди формата која оди во нагорна линија.
„Пред нас е уште еден меч против тим од големата јадранска четворка, кој игра во Еврокупот и кој со квалитетот дефинитивно ќе се замеша во борбата за највисок пласман во АБА. Без разлика на тоа, во Љубљана доаѓаме да се надигруваме и да потврдиме дека формата ни е во нагорна линија. Ќе мора да трчаме во сите 40 минути и да одиграме агресивно, бидејќи само така може да му парираме на силниот ривал. Наше е да одиграме тоа што ćе го договориме пред мечот, па ако ни се укаже некаква шанса да пробаме да го изненадиме фаворитот“, изјави Петровиќ пред дуелот.