Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз ги почна настапите на Европското првенство во Скопје. Во првиот меч од групата „Ц“ која се одржува во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, избраничките на селекторот Савевски беа совладани од големиот фаворит и за највисок пласман, Франција со 24:14.
Во првиот дел нашите девојки почнаа во грч и се до 15 минута чекавме да го постигнат првиот гол. За наша среќа и Франција не беше најсигурна во нападот, па успеавме да се одржиме на минус 5 (0:5) до постигнувањето на првиот погодок. На полувреме Франција замина со 12:5, а во вториот дел заигра многу подобро и успеа комплетно да го скрши нашиот отпор.
Ласорсе со 4 гола беше најефикасна кај „триколорките“ додека во нашиот табор Јаневска постигна 5, а Саздовска и Ристовска постигнаа по 3 погодока.