Ракометарите на Е. Пелистер вечерва (20.45) гостуваат кај Бидасоа Ирун во мечот од 5. коло во ЕХФ Европската лига. По победата над Мотор Запорожје во минатото коло, битолчани се надеваат дека можат и до трета гостинска победа.
„Бидасоа Урун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија”, изјави Ненад Костески.
Шпанците како и нашиот преставник по 4 кола има скор од 2 победи и исто толку порази.