Македонските ракометни легенди ќе излезат на терен против против актуелната репрезентација на Македонија на 3 јануари во СЦ Борис Трајковски од 19.00 часот.
Спортскиот спектакл има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои имале придонес во колективниот ефект на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Присуство на теренот потврдија: Алушевски Стевче, Ангелов Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде. Со нив ќе бидат и селекторите Илија Темелковски и Звонко Шундовски
. За време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Билетите, во ограничен број ќе бидат во продажба од 19 декември 2022 година преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари. Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје.