Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»РФМ излезе со детали за големиот спектакл на 3 јануари
    Домашен микс

    РФМ излезе со детали за големиот спектакл на 3 јануари

    dinoBy dino13/12/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонските ракометни легенди ќе излезат на терен против против актуелната репрезентација на Македонија на 3 јануари во СЦ Борис Трајковски од 19.00 часот.

    Спортскиот спектакл има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои имале придонес во колективниот ефект на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Присуство на теренот потврдија: Алушевски  Стевче, Ангелов  Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски  Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде. Со нив ќе бидат и селекторите Илија Темелковски и Звонко Шундовски

    . За време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Билетите, во ограничен број ќе бидат во продажба од 19 декември 2022 година преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари. Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Текбол дојде во Македонија

    27/01/2023

    Вечерниот термин е главно резервиран за нашите одбојкари

    26/01/2023

    ИН МЕМОРИАМ: Почина Живко Дуковски

    22/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.