Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојното Светско првенство кое што ќе се одржи во Полска и Шведска во период од 11.01 до 29.01.2023 година.
Машката сениорска репрезентација е дел од групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите од групата се играат во Краков, Полска во „Таурон Арена“.
Во списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари, од кои само тројца се интарнационалци. Останатите 20 доаѓаат од домашниот шампионат.
Сениорите настапот на СП го започнуваат на 13.01.2023 против репрезентацијата на Норвешка во 20:30 часот.