Во воведниот натпревар од петочниот распоред на АБА-лигата, македонскиот првак МЗТ Скопје ќе биде гостин кај Цибона во арена „Дражен Петровиќ“ во Загреб. Ова ќе биде дуел на два тима кои се обидуваат да ја поправат формата по лошиот почеток на сезоната.
Додека Цибона врза две победи во низа и дојде до 5 триумфа во 12 одиграни меча, МЗТ Скопје е во серија од 4 последователни порази. Аеродромци се моментално осамени на самото дно на табелата со само две победи и очајно посакуваат да ја прекинат серијата порази со цел бекство од опасната зона на табелата.
Новиот предводник на „штрковите“, Драган Николиќ пред мечот вели:
„Цибона по големите проблеми со кои се соочуваше пред сезоната, ретко кој очекуваше дека сега ќе биде кон средината на табелата. Јас сум кратко во Скопје, немам време за било какви промени, па во Загреб ќе одиграм со системот и начинот на игра кој и досега го красеше МЗТ. Но и покрај тоа се надевам дека ќе пружиме достоен отпор и ќе сториме се за да го изнадиме силниот ривал“.
Средбата во Загреб почнува од 17 часот.