Македонската ракометна репрезентација засилено ги продолжува подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во Шведска и Полска. Комбинацијата од младост и искуство е наш адут во Краков, градот домаќин на нашата групна фаза. Македонија е аутсајдер во друштво на Норвешка, Холандија и Аргентина, но тоа пак е само дополнителен мотив за нашите момци.
Првата фаза, ракометарите ја одработија во Маврово, а веќе од вчера се вратија во погон во Скопје, пред утрешниот меч на „Сите Ѕвезди“ кој ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски.
Македонија првиот меч на СП во Краков ќе го одигра на 13 јануари против Норвешка.