Иван Чупиќ жестоко одговори на сите навреди по поразот на Хрватска од Египет на стартот од СП во Полска и во Шведска.
„За жал, има многу луѓе кои гледаат и разбираат ракомет само во јануари. Потоа забораваат на ракомет во наредните11 месеци, па сега си земаат за право да плукаат и навредуваат“ – вели хрватската легенда.
„ Некои сакаат да заработат некоја пара во обложувачница па емотивно се обложуваат на Хрватска. Ако тоа не се случи, доаѓаат навреди и омаловажувања“ – пишува Чупиќ