Македонија загуби од Аргентина со 26:35, а Филип Талески беше најефикасен играч на Македонија со 5 постигнати гола, но не успеа заедно со своите соиграчи да се радува на успех на овој натпревар. По дуелот во Краков, Талески беше видно разочаран кажа дека има проблеми кои мора да се решат по ова СП, за ракометот да оди напред.
„Ќе анализираме во што е проблемот. Очигледно има проблем, меѓутоа мора да се решава доколку сакаме да одиме напред со репрезентацијата. Меѓутоа, во моментов оваа слика што ја гледаме сите и ние знаеме дека тоа е тоа. Останува да направиме една анализа по ова првенство и да видиме во што е проблемот и да го поправиме тоа, ако можеме“, изјави Талески по мечот со Аргентина.
Македонија ги продолжува настапите на ова СП како дел од Президент Купот, а таму ја чекаат три натпревари со африкански селекции, тоа се Алжир, Мароко и Тунис кои ќе се играат на 19,21 и 23 јануари, а за пласман на 25 јануари, а натпреварите ќе се играат во Плоцк.