Никола Митревски како најискусен во нашата подмладена репрезентација ја имаше улогата на капитен на оваа нова генерација, која денеска доживеа уште еден удар на СП во Полска и Шведска.
Македонија го запиша и третиот пораз во групната фаза и се збогува од главната фаза на Светското првенство, откако денеска доживеа убедлив пораз од Аргентина.
„Сакавме да покажеме што знаеме, се подготвуваме повеќе од еден месец за овој турнир. Тешко е да се зборува, треба да се изнализира добро ситуацијата, да видиме каде проблемот. Не сме толку лоши за да губиме 10 разлика од било кој. Треба да анализираме, да воочиме зошто изгледаме вака на терен. Се надевам дека ќе се прикажеме во друго светло во Президент Купот, навистина не знам што да кажам после три порази во групната фаза“, изјави капитенот Митревски.
Третиот убедлив пораз на нашата репрезентација ги испрати ракометарите во Плоцк каде ќе играат во Президент Купот.