Зоран Рогановиќ повеќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Црна Гора. Рогановиќ поднесе оставка по поразот од Словенија (31:23) на последниот натпревар на Светското првенство.
„Не успеавме да се пласираме на Олимписките игри. Ги уверив сите дека можеме да стигнеме во Париз, не успеавме и мислам дека е човечки да си заминам“, изјави Рогановиќ.
Рогановиќ седум години беше репрезентативец на Црна Гора, а од 2018 година беше селектор.