Ракометарите на Македонија дојдоа до втората убедлива победа во Президент купот на СП во ракомет, откако денес во „Орлен Арената“ во Плоцк го декласира Мароко со 40:25 (18:12). Интересно е тоа што победија со идентичен резултат како и на мечот со Алжир (40:25).Нашите ракометари кои добија шанса од селекторот Кирил Лазаров одиграа речиси перфектен натпревар, ги користеа противничките грешки, дадоа многу голови по контри и во целост ја оправдаа фаворитската улога на овој меч.
По почетните 2:2, Македонија направи серија од 4:0 и дојде до предност од 6:2 која ја задржа до крајот на првиот дел и ја зголемуваше до 18:12 на полувреме.
Второто полувреме започна со одлична наша игра и серија од 6:0 на стартот на продолжението со што се одлепивме на 24:12 шо најави убедлива победа против Мароко.Макеоднија играше константно во текот на целото второ полувреме и не дозволи противникот да намали, напротив ја зголемуваше предноста до конечните 40:25.
Најефикасен ракометар на натпреварот беше Филип Кузмановски со осум погодоци, а одличен меч одиграа и крилата, Атанасијевиќ со седум и Костески со шест, колку што даде и Серафимов. На голот на Македонија одличен беше Мартин Томовски кој со 13 одбрани беше избран за МВП на мечот.
Македонија ја заврши групата на второто место зад Тунис и в среда против Јужна Кореја ќе разигрува за 27-то место на Светското првенство.