Данскиот ракометар, Емил Јакобсен, пред денешниот меч со Шпанија во полу-финалето на Мундијалот во Полска и Шведска, вели дека неговата селекција е подготвена да испише нова историја.
„Ние сме во полуфинале на светско првенство и тоа е неверојатно. Јас сум како мало момче, многу сум возбуден и едвај чекам да го одиграме натпреварот. Затоа играме ракомет за сите големи мечеви, полуфинале, финале и титулите. Мораме да играме добро посебно во одбраната“ – вели Јакобсен.
Играчот на Фленсбург е еден од најдобрите во неговата селекција на СП со 23 постигнати гола.