Македонската кошаркарска репрезентација е поразена на гостувањето кај Словачка со 82:73, во рамките на петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година.
Со овој пораз, нашите кошаркари дозволија секакви сценарија за крајот на групната фаза, бидејќи сега сите опции се отворени. Средбата во Левице во целост му припадна на домаќинот кој ги казни сите грешки и обезбеди висока победа.
Од почеток до крај Словачка беше таа која доминираше и го контролираше резултатот , а на пауза се замуна со предност за Словачка од 44:38.
По паузата, Македонија требаше да нападне, но третиот период беше клучен на натпреварот, во кој домашните кошаркари ја направија клучната предност, за подоцна Македонија само да се обиде да намали, но не и да дојде до позитивен резултат. Најефикасни на натпреварот беа Ти Џеј Шортс и Симон Крајовиќ со по 23 поени.
Македонија и натаму е лидер и во најдобра позиција во оваа група, меѓутоа сега и Словаците имаат свои шанси. Доколку Македонија успее да слави против Норвешка во Осло, тогаш со сигурност оди во следната фаза од првото место.