Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, вечерва во Осло (18.00 ќ.), го игра последниот шестти натпревар од вториот претквалификациски круг за пласман на Евробаскетот 2025 година. Противник на нашите најдобри кошаркари во обидот да го одбраниме првото место во групата „Д“ и да обезбедиме пласман во следниот квалификациски круг е селекцијата на Норвешка.
Норвежаните пред неколку дена загубија на гостувањето кај Данска и со тој пораз ги загубија и теоретските шанси во битката за првото место кое директно води во квалификациите.
Македонија беше подобра од Норвешка на мечот во Гевгелија, а ако го повториме тоа издание победата денеска нема да ни побегне. Претходно во нашата група играат Данска и Словачка, меч во кој Словаците ќе мора да победат ако сакаат да останат во трка за врвот на табелата.