Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје А. загуби на гостувањето кај Мега Баскет со 93-86 и го запиша 16-от пораз во АБА-лигата. Овој пораз го остава тимот на Драган Николиќ на последната позиција на табелата, на една победа зад најблискиот ривал во битката за опстанок во јадранската елита, Борац Чачак.
Иако одигра одлично прво полувреме, МЗТ Скопје А. не успеа да продолжи во ист ритам и во вториот дел. Лошата одбрана и седумте тројки кои Мега Баскет ги постигна во третиот период го решија победникот.
Никола Ѓуришиќ со 20 поени и Матеј Рудан со 19 поени беа предводници кај Мега Баскет, додека Мајкл Кафи и Кеандре Кук со по 15 поени беа најефикасни кај нашиот првак.