Ракометарите на Е: Пелистер со две победи ја завршија групната фаза од СЕХА лигата на второто место. Еден од најзаслужните за синоќешниот триумф над Нексе беше голманот Марко Кизиќ.
„Честитки до екипата на Нексе за фер натпреварот. Ние сме мотивирани, одигравме добар натпревар против квалитетен ривал. Резултатот е одличен за нашиот нов старт со нов тренер. Фановите одново беа неверојатни, игравме мотивирано, не е лесно да се победи Нексе. Ова славје треба да ни даде дополнителен стимул за следните предизвици во домашното првенство и СЕХА лигата“, рече Кизиќ.