Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Марко Верати сака да си замине од ПСЖ
    Фудбал

    Марко Верати сака да си замине од ПСЖ

    risteBy riste07/05/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Марко Верати би можел да го напушти Пари Сен Жермен. Италијанскиот интернационалец веќе е во својата 11-та година како игра за клубот, но оваа сезона не се претстави на вообичаеното високо ниво.

    Според „Л‘Екип“, Верати размислува да го напушти ПСЖ, иако неодамна потпиша нов договор и е врзан со парижаните до 2026 година. 30-годишниот играч не е задоволен од развојот на тимот и атмосферата во соблекувалната. Според него, критиките на навивачите и протестите кон играчите не се заслужени. Неговото мислење е дека казната која клубот му ја изрече на Лионел Меси била преголема. Помеѓу сето ова, Верати сподели дека повеќе не ужива во клубот и го праша управниот одбор дали ќе го пуштат ако пристигне соодветна понуда. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи не сака да се раздели со него, но спортскиот директор Луис Кампос има поинакво мислење и не е против негов трансфер.

    Интерес за Италијанецот има од Саудиска Арабија, но тој нема желба таму да ја продолжи кариерата. Друга опција е Интер Мајами, за каде играчот се уште не е убеден. Враќањето во Италија ќе биде тешко поради финансиската состојба на клубовите од оваа земја. Пореално е повторно да работи со Карло Анчелоти во Реал Мадрид.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.