Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Винисиус Жуниор е сопственик на 7-цата во Реал Мадрид
    Фудбал

    Винисиус Жуниор е сопственик на 7-цата во Реал Мадрид

    risteBy riste12/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Бразилскиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор од следната сезона ќе го носи дресот со бројот седум.

    Претходно „седумката“ му припаѓаше на белгискиот играч за врска Еден Азар, кој летово со слободен трансфер го напушти мадридскиот клуб.

    Пред Белгиецот, со бројот седум настапуваше Кристијано Роналдо, кој сега ги брани боите на саудискиот Ал-Наср, а пред него и напаѓачот и легендата на клубот Раул. Досега Винисиус Жуниор играше со број 20.

    Винисиус Жуниор потекнува од школата на Фламенго. Тој му се приклучи на Реал Мадрид во летото 2018 година. Минатата сезона бразилскиот напаѓач одигра 33 натпревари во шампионатот на Шпанија, постигна 10 гола и запиша девет асистенции. Реал ја заврши сезоната на второто место.

    Покрај тоа, напаѓачот Родриго го зеде бројот 11 наместо 21-от што претходно го поседуваа Герет Бејл и Марко Асенсио.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.