Бразилскиот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор од следната сезона ќе го носи дресот со бројот седум.
Претходно „седумката“ му припаѓаше на белгискиот играч за врска Еден Азар, кој летово со слободен трансфер го напушти мадридскиот клуб.
Пред Белгиецот, со бројот седум настапуваше Кристијано Роналдо, кој сега ги брани боите на саудискиот Ал-Наср, а пред него и напаѓачот и легендата на клубот Раул. Досега Винисиус Жуниор играше со број 20.
Винисиус Жуниор потекнува од школата на Фламенго. Тој му се приклучи на Реал Мадрид во летото 2018 година. Минатата сезона бразилскиот напаѓач одигра 33 натпревари во шампионатот на Шпанија, постигна 10 гола и запиша девет асистенции. Реал ја заврши сезоната на второто место.
Покрај тоа, напаѓачот Родриго го зеде бројот 11 наместо 21-от што претходно го поседуваа Герет Бејл и Марко Асенсио.

