Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Извинување до цела нација, нема да се откажам мораме да играме подобро“
    Фудбал

    Милевски: „Извинување до цела нација, нема да се откажам мораме да играме подобро“

    risteBy riste20/06/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа го доживеа највисокиот пораз во историјата на гостувањето кај Англија. Загуби со 0:7 од домашната селекција, а дополнително разочара тоа што на овој натпревар не видовме ништо од нашите репрезентативци.

    По натпреварот на „Олд Трафорд“, селекторот Благоја Милевски говореше пред медиумите.

    „Пред да почнам со прес-конференцијата, сакам да ѝ се извинам на целата нација, во мое лично име и во името на играчите. Јас испраќам повик до играчите, јас одлучувам кој ќе игра, така што сакам да се извинам до целата македонска нација, посебно до оние кои дојдоа. Истовремено, голема благодарност и до нив затоа што допатуваа да не бодрат на овој терен.Играчите се истите од претходно, од Италија и Португалија, јас сум истиот. Се случуваат и вакви лоши моменти, мора да преземеме сите одговорност, но јас немам карактер да се откажам веднаш. Не сакам да сме силни кога ќе дојдат убави и победнички моменти, туку во вакви тешки моменти. Мора сите да ја поправиме нашата слика и да бидеме подобри“, изјави Милевски.

    Селекторот Милевски даде свое видување и за атмосферата во репрезентацијата и за тоа зошто кога губиме лесно се откажуваме  и остануваат без можност за враќање во натпреварот.

    „Внатре атмосферата во тимот е извонредна, две години ќе поминат од мојата работа со А-тимот. Не верувам, ниту сме имале некаков негативен момент внатре во тимот, без разлика дали тоа било за време на тренинзи, натпревари или хотел. Атмосферата е извонредна. Што се однесува до моментите кои ни се случуваат, ќе го коментирам тој меч со Украина, мислам дека тука менталниот склоп кој го носат самите играчи од клубовите, моментално, влијае на нивната самодоверба и на перформансот кога ќе се случи некој негативен момент за време на натпреварот, тука веќе паѓаме психолошки и ментално. А, за физички, да не говорам“, истакна селекторот Милевски.

    Следен предизвик за нашите репрезентативци се домашниот натпевар со со Италија, па гостување кај Малта. Двата натпревари се играат во месец септември.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.