Еурофарм Пелистер ќе биде во третиот сад кога ќе се формираат групите за наредната сезона во Лигата на ракометните шампиони.
Во друштво на битолчани се екипите на Загреб, Целје, Колштад и Порто. Во првиот сад ќе бидат главните фаворити, ПСЖ, Кил, ГОГ, Барселона, Кјелце и Веспрем додека од вториот ќе се влечат: Магдебург, Висла, Монпелје, Алборг и ПИК Сегед.
Церемонијата за формирањето на групите ќе биде реализирана на 27 јуни во Виена со почеток во 11.00 часот. Групната фаза почнува на 13/14 септември.

