Серхио Родригез го продолжи договорот со Реал (М) до 30 јуни 2024 година. Реал (М) денеска објави дека кошаркарот кој со Реал освои 14 трофеи ќе го носи дресот и следната сезона.
Искусниот Родригез со шпанската репрезентација има одиграно 154 меча и има освоено 7 медали: 2 златни (Светски куп 2006 и Европски 2015), 2 сребрени (Олимписки игри 2012 и Европски 2007) и 3 бронзени (Европски од 2013 и 2017 година и Олимписки игри од 2016 година).
Родригез ќе ја одигра својата осма сезона во дресот на „кралевите“.