Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Ѓоковиќ е прв патник во финалето на Вимблдон
    Тенис

    Ѓоковиќ е прв патник во финалето на Вимблдон

    risteBy riste14/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Новак Ѓоковиќ го доби полуфиналниот натпревар на Вимблдон против италијанскиот тенисер Јаник Синер со 3:0, по сетови 6:3, 6:4 и 7:6/4

    Вториот светски рекет одлично го започна дуелот, а Синер имаше неколку неизнудени грешки, по што Ѓоковиќ направи два „брејка“ и рутински го доби првиот сет. Слична слика видовме и во вториот, но овој пат Синер остави малку подобар впечаток, иако го загуби сетот со 4:6. 

    Третиот сет донесе многу повеќе возбудување, Синер заигра подобро се избори да игра „тај-брејкот“, но против Ѓоковиќ е тешко да се до. 

    Српскиот тенисер имаше за нијанса поголема концентрација, а Синер испушти прилика откако водеше со 2-1 во „тај-брејкот“. Искуството на Ѓоковиќ стапи на сцена и умешно го затвори сетот, а воедно и мечот со резултат 7-6/4. 

    Новак Ѓоковиќ го очекува својот противник во финалето од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев. Мечот за титулата во машката сингл конкуренција на Вимблдон ќе се одигра в недела. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Монфис ќе има нова улога во тенисот

    07/11/2026

    По 13 години Лина Ѓорческа ќе добие нов тренер, Лабудовиќ ја објави разделбата!

    05/11/2026

    Јаник Синер се повлекува од Мастерс турнирот во Шангај

    03/10/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.