Новак Ѓоковиќ го доби полуфиналниот натпревар на Вимблдон против италијанскиот тенисер Јаник Синер со 3:0, по сетови 6:3, 6:4 и 7:6/4
Вториот светски рекет одлично го започна дуелот, а Синер имаше неколку неизнудени грешки, по што Ѓоковиќ направи два „брејка“ и рутински го доби првиот сет. Слична слика видовме и во вториот, но овој пат Синер остави малку подобар впечаток, иако го загуби сетот со 4:6.
Третиот сет донесе многу повеќе возбудување, Синер заигра подобро се избори да игра „тај-брејкот“, но против Ѓоковиќ е тешко да се до.
Српскиот тенисер имаше за нијанса поголема концентрација, а Синер испушти прилика откако водеше со 2-1 во „тај-брејкот“. Искуството на Ѓоковиќ стапи на сцена и умешно го затвори сетот, а воедно и мечот со резултат 7-6/4.
Новак Ѓоковиќ го очекува својот противник во финалето од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев. Мечот за титулата во машката сингл конкуренција на Вимблдон ќе се одигра в недела.