Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија ќе и гостува на Италија во Рим на „Олимпико“
    Фудбал

    Македонија ќе и гостува на Италија во Рим на „Олимпико“

    risteBy riste19/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Италија го одреди Рим како домаќин за натпреварот кој следи во квалификациите за Европското првенство во 2024 година против Македонија. 

    Нашиот национален тим третпат во историјата ќе гостува кај Италија, а интересно е тоа што повторно тоа ќе биде во нов град и на друг стадион. Досега Македонија нема пораз на италијанско тло, еднаш ремизира, а еднаш им нанесе тежок пораз на „аѕурите“ во баражот за Мундијалот во Катар. 

    Првпат Македонија гостуваше во Италија во рамките на квалификациите за Светското првенство во Русија, во октомври 2017 година кога во Торино одиграа нерешени 1:1.

    Вториот меч се играше на „Ренцо Барбера“ во Палермо, а заврши со триумф на „рисовите“ од 0-1, со историскиот гол на Александар Трајковски. 

    Сега, за третиот меч во кој Италија ќе биде домаќин на нашата репрезентација е одбран главниот град. Натпреварот ќе се игра на „Олимпико“, на 17 ноември во рамките на претпоследното деветто коло од квалификациите за Европското првенство. Италија ќе ја гледаме во Скопје на 9.септември на Националната арена „Тодор Проески“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.