Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Јончевски: „Главна цел ни е пласман на Европското првенство во 2025 година“
    Кошарка

    Јончевски: „Главна цел ни е пласман на Европското првенство во 2025 година“

    risteBy riste25/07/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Машката сениорска репрезентација на Македонија, синоќа, со првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ги стартуваше подготовките за настап на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин, односно во Гљивице (втората фаза).

    Селекторот Александар Јончевски има свои очекувања во пресрет на она што следува во наредниот период:

    „Имаме тринеделни подготовки. Ќе се подготвуваме во Скопје и закажавме две ‘контроли’ со Полска во Белград, единствени дуели на кои би можеле да видиме до каде сме. Првата недела ќе бидеме некомплетни бидејќи ќе отсуствуваат играчите што имаат обврски кон своите нови клубови како лекарски прегледи и слично. Но верувам дека од идната недела ќе бидеме комплетни. Имаше откажувања, неделава имавме уште неколку непланирани, но тие играчи кои ќе се јават во овој циклус, се надевам дека ќе ја искористат шансата. Крстевски нема да игра од приватни причини, се повредија Митревски, Мекиќ и Мемед, а последниот што го одби повикот е Андреј Јакимовски од кого јас се уште не сум се откажал. Сметам дека во разговор со неговиот тренер во Вашингтон Стејт, можеме да најдеме решение и тој да се најде на конечниот список на кошаркари“- објаснува селекторот.

    Пред нашиот сениорски тим е еден голем предизвик, настап на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин.

    „Последен пат Македонија се натпреваруваше на ваков предолимписки турнир во 2012 година, паметам, бидејќи и тогаш бев дел од стручниот штаб на репрезентацијата. Многу тешко натпреварување, со оглед на тоа што само 12 селекции ќе се пласираат на Олимписките игри, но добра можност да ги одмериме силите со посилни ривали со кои можеби ќе играме и во квалификациите за Европското првенство. А овие претквалификации ќе ни бидат мерило до каде сме, бидејќи главна цел ни е пласман на Европското првенство во 2025 година. Сега ќе можеме да спарингуваме со вистински противници кои ќе ни бидат конкуренција во квалификациите за континенталниот шампионат“ – потенцираше Јончевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.