Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за настап во претквалификациите за ЛОИ во париз. Во Скопје во националниот тим е и повратникот во репрезентацијата, Љубомир Младеновски, кој за она што не очекува во Талин вели:
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на луѓето од федерацијата, и на стручниот штаб кој ме повика на репрезентативен собир по пауза од една година условена поради тоа што имав тешка повреда на рачниот зглоб. Извесно е дека летово ќе имаме и ѓаволски тешка задача. Да бидеме на едно од првите две места на турнирот во Талин во кој освен Македонија, и домаќинот Естонија, ќе учествуваат силните репрезентации на Чешка односно на Израел. Што се однесува до квалитетот на натпреварувањето, со самите имиња кои што се на турнирот и против кои ќе се натпреваруваме, само по себе говори за тоа колку силен ќе биде тој турнир. На нас ни останува ништо друго освен да го дадеме својот максимум. Со овој квалитет со кој располагаме мислам дека можеме рамноправно да се бориме, и да се надеваме дека би поминале во следната фаза“.