Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Јунајтед се разделува со напаѓачот Мејсон Гринвуд
    Фудбал

    Манчестер Јунајтед се разделува со напаѓачот Мејсон Гринвуд

    risteBy riste21/08/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Манчестер Јунајтед објави соопштение за почетокот на работата за раскинување на соработката со 21-годишниот англиски напаѓач Мејсон Гринвуд.

    Манчестер Јунајтед ја заврши внатрешната истрага за обвинувањата против Мејсон Гринвуд.

    „Нашиот процес започна во февруари 2023 година, откако беа отфрлени обвиненијата на Мејсон. Во текот на процесот, ги земавме предвид желбите, правата и мислењата на сите страни, како и стандардите и вредностите на клубот. Се обидовме да собереме што повеќе информации. Моравме да дејствуваме прецизно и внимателно за да добиеме докази кои не се во јавна сопственост, вклучително и од оние кои се директно запознаени со овој случај. Врз основа на доказите со кои располагаме, заклучуваме дека материјалот објавен на интернет не дава целосна слика и дека Мејсон не ги извршил злосторствата за кои првично беше обвинет. Сепак, како што Мејсон јавно признава денес, направил грешки за кои ја презема одговорноста. Сите вклучени во аферата, вклучително и Мејсон, ја признаваат тешкотијата на неговото повторно започнување во Манчестер Јунајтед. Затоа беше меѓусебно договорено дека најсоодветно ќе биде тоа да го направи далеку од „Олд Трафорд“ се вели во соопштението на клубот.

    Да потсетиме дека Гринвуд не играше за „црвените ѓаволи“ повеќе од 18 месеци по апсењето под сомнение за обид за силување и напад. Сличајот против 21-годишниот фудбалер беше прекинат во февруари 2023 година, но тој сепак беше суспендиран од тренинзите и натпреварите на Манчестер Јунајтед. Играчот до денеска тренираше на индивидуална програма за да се подготви за евентуално враќање во фудбалот. Летово фудбалер и девојка кои го обвинија за силување добија бебе.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.