Раководството на Манчестер Јунајтед објави соопштение за почетокот на работата за раскинување на соработката со 21-годишниот англиски напаѓач Мејсон Гринвуд.
Манчестер Јунајтед ја заврши внатрешната истрага за обвинувањата против Мејсон Гринвуд.
„Нашиот процес започна во февруари 2023 година, откако беа отфрлени обвиненијата на Мејсон. Во текот на процесот, ги земавме предвид желбите, правата и мислењата на сите страни, како и стандардите и вредностите на клубот. Се обидовме да собереме што повеќе информации. Моравме да дејствуваме прецизно и внимателно за да добиеме докази кои не се во јавна сопственост, вклучително и од оние кои се директно запознаени со овој случај. Врз основа на доказите со кои располагаме, заклучуваме дека материјалот објавен на интернет не дава целосна слика и дека Мејсон не ги извршил злосторствата за кои првично беше обвинет. Сепак, како што Мејсон јавно признава денес, направил грешки за кои ја презема одговорноста. Сите вклучени во аферата, вклучително и Мејсон, ја признаваат тешкотијата на неговото повторно започнување во Манчестер Јунајтед. Затоа беше меѓусебно договорено дека најсоодветно ќе биде тоа да го направи далеку од „Олд Трафорд“ се вели во соопштението на клубот.
Да потсетиме дека Гринвуд не играше за „црвените ѓаволи“ повеќе од 18 месеци по апсењето под сомнение за обид за силување и напад. Сличајот против 21-годишниот фудбалер беше прекинат во февруари 2023 година, но тој сепак беше суспендиран од тренинзите и натпреварите на Манчестер Јунајтед. Играчот до денеска тренираше на индивидуална програма за да се подготви за евентуално враќање во фудбалот. Летово фудбалер и девојка кои го обвинија за силување добија бебе.