Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Васоски и Хаџиевски: Дојдовме од љубов кон клубот за да помогнеме
    Фудбал

    Васоски и Хаџиевски: Дојдовме од љубов кон клубот за да помогнеме

    sasoBy saso24/08/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска на официјална прес-конференција ФК Вардар ги објави новитетите кои деновиве донесоа промени на тренерската и директорската позиција во клубот. Пред новинарите беше претставен новиот тренер Александар Васоски, како и новиот спортски директор Ѓоко Хаџиевски.

    Еден од првите луѓе на навивачката група „Комити“ која го презема управувањето на клубот, Милорад Миленковски, изјави дека се завршени сите процедури околу комплетното преземање на клубот.

    „Завршени се сите процедури и Комити се 100% сопственици на ФК Вардар. Тоа не значи дека ние како Комити имаме амбиции да го водиме клубот или да бидеме сопственици. Ние бараме решение на ФК Вардар. Институционално да се реши проблемот на Вардар. Тоа да не биде решение времено, туку трајно. Бараме Вардар да биде ставен во статутот на Град Скопје и на општините. Секако ова е апел и до големите компании кои ќе сакаат да инвестираат во клубот кои би биле дел од еден проширен управен одбор, кој би функционирал нормално“, потенцираше Миленковски.

    Новиот тренер Александар Васоски кој веќе го водеше тимот на мечот со Силекс изјави дека му е огромна чест и задоволство  што се враќа во Вардар.

    „Се враќам во клубот што ми дал многу. Моја морална одговорност е тоа да го направам. Преку Вардар заминав во Германија. Ја освоив последната титула.  Немаме време за засилувања, можеби еден до двајца играчи, но ќе се бориме до крај“, вели Васоски.

    Новиот спортски директор, Ѓоко Хаџиевски, исто така потенцираше дека доаѓа на директорското место од љубов кон клубот со кој имаше извонредни резултати.

    „Доаѓам во клубот од љубов. Ако можам по 35 години работен стаж на едно место, тоа би била клупата под јужната трибина. Тука е моето место. Благодарност до Александар Бајевски и Бобан Грнчаров затоа што издржале во тешките моменти, направиле многу за клубот во изминатиот период. Имаат големи заслуги. Мојата функција во моментов е волонтерска и немам договор. Чисто да знае јавноста околу мојот статус во моментов. Колку ќе можам ќе помогнам“, вели Хаџиевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.