Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Австралија, Италија, Црна Гора и Летонија стартуваа со победи на Мундобаскетот
    Кошарка

    Австралија, Италија, Црна Гора и Летонија стартуваа со победи на Мундобаскетот

    sasoBy saso25/08/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фаворитите без проблеми го почнаа светското кошаркарско првенство во Азија. Првите победи ги прокнижија Австралија, Италија, Црна Гора и Летонија.

    Австралиските кошаркари ја победија Финска со 98:72, додека Италија беше подобра од Ангола со 81:67.

    Австралијците ја оправдаа улогата на фаворити и убедливо ја совладаа Финска. Одличрн беше Пети Милс со 25 поени и 8 скока, а Џош Гиди имаше 14 со 9 скока и 8 асистенции. Лаури Марканен ја предводеше Финска со 19 поени, 8 скока и 4 асистенции.

    Италија пред 21.000 гледачи во Манила стартуваше на СП со победа над Ангола. Иако Африканците одлично се држеа цели три четвртини, паднаа во темпото во последниот период, па Италија на крајот дојде и до супериорен триумф.

    Фонтекио со 19 и Тонут со 18 поени беа најефикасни кај Италија, додека Дундао постигна 19 поени за Ангола.

    Црногорците го победија Мексико со 91:71 на крилата на НБА центарот, Никола Вучевиќ, кој мечот го заврши со 27 поени и 10 скока. Летонија имаше најлесна задача. Тие ја „прегазија“ селекцијата на Либан со 109:70.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.