Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид нема да бара замена за повредениот Винисиус Жуниор
    Фудбал

    Реал Мадрид нема да бара замена за повредениот Винисиус Жуниор

    risteBy riste29/08/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид нема да влезе на трансфер пазарот во потрага по напаѓачки играчи, пренесуваат шпанските медиуми. Вчера се дозна дека крилниот напаѓач Винисиус Жуниор ќе пропушти месец и половина поради повреда на бицепсот на бутната коска.

    Според изворот, мадриѓаните не планираат да бараат замена за него и ќе се задоволат со играчите кои моментално ги имаат на располагање. Да потсетиме, фудбалерот се повреди во првото полувреме од натпреварот од 3. коло на шпанската Примера со Селта (1:0). Играчот беше заменет во 18. минута од средбата.

    Сезонава Винисиус учествуваше во три натпревари на кои постигна еден гол. Изминатата сезона, 23-годишниот крилен напаѓач одигра 55 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи 23 гола и 21 асистенција.

    Реал Мадрид е на врвот на табелата во шпанската лига. Клубот во првите три кола го победи Атлетик Билбао (2:0), потоа Алмерија (3:1) и оствари победа над Селта (1:0).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.