Реал Мадрид нема да влезе на трансфер пазарот во потрага по напаѓачки играчи, пренесуваат шпанските медиуми. Вчера се дозна дека крилниот напаѓач Винисиус Жуниор ќе пропушти месец и половина поради повреда на бицепсот на бутната коска.
Според изворот, мадриѓаните не планираат да бараат замена за него и ќе се задоволат со играчите кои моментално ги имаат на располагање. Да потсетиме, фудбалерот се повреди во првото полувреме од натпреварот од 3. коло на шпанската Примера со Селта (1:0). Играчот беше заменет во 18. минута од средбата.
Сезонава Винисиус учествуваше во три натпревари на кои постигна еден гол. Изминатата сезона, 23-годишниот крилен напаѓач одигра 55 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи 23 гола и 21 асистенција.
Реал Мадрид е на врвот на табелата во шпанската лига. Клубот во првите три кола го победи Атлетик Билбао (2:0), потоа Алмерија (3:1) и оствари победа над Селта (1:0).

