Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Љафтов: „Сега средбата со Црна Гора ни е најважна“
    Домашен микс

    Љафтов: „Сега средбата со Црна Гора ни е најважна“

    risteBy riste01/09/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Одбојкарската репрезентација на Македонија денес има уште еден слободен ден кој го користи за подготовка за вториот меч на Европското првенство (ЕП) на кое нашата земја е еден од домаќините. По стартната победа над Данска, следи меч со балканскиот ривал Црна Гора.

    За дуелот со Црна Гора зборуваше Александар Љафтов, кој истакна дека овој натпревар е уште поважен од оној првиот, а воедно е и шанса да се оствари сонот, а тоа е пласман меѓу шеснаесетте најдобри во Европа со евентуален триумф.

    „Средбата со Црна Гора е уште поважна од првата со Данска и само со ладни глави и смирено, концентрирано, уште помотивирано од првиот меч, може да си ја завршиме работата и да дојдеме до резултатот кој го посакуваме. Со евентуална победа сонот може да ни стане реалност, а тоа е да бидеме меѓу шеснаесетте најдобри репрезентации во Европа“, изјави Љафтов.

    Црна Гора го отвори ЕП со максимален пораз од Холандија. Дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ се игра утре (сабота) од 20:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.