Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Полска покажа дека е велесила, славеше против Македонија со 3:0
    Домашен микс

    Полска покажа дека е велесила, славеше против Македонија со 3:0

    risteBy riste03/09/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската одбојкарската репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство на кое сме еден од домаќините. По победите над Данска и Црна Гора, нашите одбојкари очекувано се поразени од еден од светските гиганти, Полска со убедливи 3:0 (25:12, 25:21,25:14).

    Повтоно одлична атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во која нашите одбојкари се обидоа да им парираат на репрезентативците на Полска кој ја покажаа својата класа и не дозволија никакво изненадување, иако во одредени делови се играше рамноправно. 

    Во првиот сет се играше израмнето до 9:9, а потоа Полска направи серија со која дојде до убедлива предност, а сетот го заврши си 25:12.

    На стартот на вториот сет Македонија успеа двапати да води со по еден поен, но и целосно резултатски да му парира на моќниот тим на Полска. Во завршницата дојдовме до целосен егал, па по 19:19, следеа и 20:20 и 21:21. Сепак, тогаш две грешки ги исфрлија нашите одбојкари од ритам ,а тоа го казнија гостите од Полска и го освоија сетот со 25:21. Израмнето беше и во третиот сет, но повторно до 9:9, по што следуваше серија од 7:0 на Полска и водтсво о 16:9, што беше сигнал дека веќе немаме сила за било какво надигрфување и Полска го доби третиот сет со убедливи 25:14.

    Утре Македонија ќе паузира на ЕП, а во вторник го игра мечот со Холандија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.