Македонската одбојкарската репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство на кое сме еден од домаќините. По победите над Данска и Црна Гора, нашите одбојкари очекувано се поразени од еден од светските гиганти, Полска со убедливи 3:0 (25:12, 25:21,25:14).
Повтоно одлична атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во која нашите одбојкари се обидоа да им парираат на репрезентативците на Полска кој ја покажаа својата класа и не дозволија никакво изненадување, иако во одредени делови се играше рамноправно.
Во првиот сет се играше израмнето до 9:9, а потоа Полска направи серија со која дојде до убедлива предност, а сетот го заврши си 25:12.
На стартот на вториот сет Македонија успеа двапати да води со по еден поен, но и целосно резултатски да му парира на моќниот тим на Полска. Во завршницата дојдовме до целосен егал, па по 19:19, следеа и 20:20 и 21:21. Сепак, тогаш две грешки ги исфрлија нашите одбојкари од ритам ,а тоа го казнија гостите од Полска и го освоија сетот со 25:21. Израмнето беше и во третиот сет, но повторно до 9:9, по што следуваше серија од 7:0 на Полска и водтсво о 16:9, што беше сигнал дека веќе немаме сила за било какво надигрфување и Полска го доби третиот сет со убедливи 25:14.
Утре Македонија ќе паузира на ЕП, а во вторник го игра мечот со Холандија.